Права на користење

Драги клиенти, Пред да започнете да ги користите нашите услуги, ние сакаме да ве информирање за вашите права и обврски како клиент додека ги користите нашите услуги. Ние сакаме да Ве замолиме внимателно да ги прочитате Правата на користење напишани овде. Со користење на нашиот вебсајт и КОХО услугите за интернет продажба вие сте запознаени со овие Права на користење и ги прифаќате во целост. Доколку Правата на користење не се прифатливи за вас, тогаш не го користите овој вебсајт, исто така и услугите кои ги нудиме на истиот.

Кои сме ние

Нашата веб адреса е: https://koxo.mk.

1. Какви лични информации собираме и зошто

За да Ви овозможиме користење на услугата за веб продажба на КОХО, ние треба да собереме и процесираме одредени информации за вас. Специфично, нам ни треба вашето Име и презиме, адреса на живеење, е-пошта, телефонски број и информации за вашата платежна картичка. Вие ги доставувате овие информации во моментот на регистрацијата на нашиот вебсајт и во моментот на нарачка на производ. Во тие моменти вие се согласовате да ги доставите вашите лични информации, за да бидат процесирани од КОХО, за наведените причини.  

Вашите лични информации ќе бидат користени за да можеме навремено и точно да ги доставиме вашите нарачки, и да ви наплатиме за цената на продадените артикли како и цена на услугата. Додатно, вашите лични информации ќе бидат користени за да Ве информираме за вашите нарачки, како и за понуди и попусти. Исто така вашите лични информации ќе бидат користени за континурано подобрување на услугите кои се понудени на нашиот вебсајт, исто така и генерално за КОХО, за подобрување на нашите понуди за поедноставно користење на услугите.

КОХО ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои што се истите доставени. Исто така, личните податоци ќе се чуваат во одредено време и на начин јасно даден во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите други применливи закони, како и сите технички и организациски безбедносни мерки. Како субјект на лични податоци, имате право во секое време да побарате информации за какви било лични податоци што ги поседуваме за вас, да побарате нивна корекција ако се неточни или да побарате бришење. Дополнително, можете да побарате да не бидат испраќани е-пошти со рекламна содржина на вашата е-пошта без да ги избришете вашите лични податоци од нашата колекција на лични податоци.

Сите информации поврзани или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб-продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Северна Македонија.

Колачиња

Ако оставите коментар на нашата страница, можете да се одлучите за зачувување на вашето име, адреса за е-пошта и веб-страница во колачињата. Овие се за ваша погодност за да не мора повторно да ги пополнувате вашите податоци кога ќе оставите друг коментар. Овие колачиња ќе траат една година.

Ако ја посетите нашата страница за најавување, ќе поставиме привремено колаче за да утврдиме дали вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Ова колаче не содржи лични податоци и се отфрла кога ќе го затворите прелистувачот.

Кога ќе се најавите, ние исто така ќе поставиме неколку колачиња за да ги зачуваме вашите информации за најавување и изборот на вашиот екран. Колачињата за најавување траат два дена, а колачињата за опции на екранот траат една година. Ако изберете „Запомни ме“, вашето најавување ќе трае две недели. Ако се одјавите од вашата сметка, колачињата за најавување ќе бидат отстранети.

Ако уредувате или објавувате статија, дополнително колаче ќе се зачува во вашиот прелистувач. Ова колаче не содржи лични податоци и едноставно го означува ID-то на објавата на статијата што ја уредувавте. Истекува по 1 ден.

Колку долго ги чуваме вашите информации

Ако оставиме коментар, коментарот и неговата метадата се задржуваат на неодредено време. Ова е за да можеме да ги препознаеме и одобриме сите коментари што следат автоматски наместо да ги чуваме во листата за одобрување.

За корисниците што ќе се регистрираат на нашиот вебсајт, ние ги чуваме податоците кои они ги впишуваат во своите профили. Сите корисници можат да ги видат, изменат или избришат нивните лични информации во секое време (корисничкото име неможе да се промени). Администраторите на вебсајтот можат исто така да ги видат и изменат тие информации.

Какви права имате Вие врз вашите информации

Ако имате профил на овој вебсајт, или имате оставено коментари, можете да побарате да добиете фајл од вашите лични информации кои ги чуваме, вклучувајќи и било какви информации кои што ги имате доставено до нас. Вие можете исто така да побарате ние да ги избришеме сите лични информации кои што ги чуваме за вас. Ова не ги вклучува и информациите кои сме задолжени да ги чуваме заради административни, легани или безбедносни причини.

2. Полиси за користење на е-комерц системот

Со пристап до вебсајтот на КОХО и при нарачки на производи/услуги, вие се согласувате да ги прифатите условите од оваа полиса за користење на електронскиот е-комерц систем. КОХО го задржува правото за изменување на овие полиси и услови во секое време, и промените ќе бидат објавени на оваа страница.

3. Полиса за заштита на личните податоци на корсниците на картичките

КОХО ќе ги користи личните податоци согласнот со законот за заштита на лични податоци и други релевантни регулации во Република Северна Македонија. Нема да ги доставува личните податоци до трети лица, освен во случаеви каде што е дозволено или законски пропишано, со цел да ги оствари своите права, или да ги заштити своите интереси, или да се усогласат со судски налози или други законски или регулаторни потреби. Како лични податоци се сметаат следниве: Име, презиме, матичен број, адреса, е-пошта, итн. Купувачот гарантира точност на внесените податоци. КОХО не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

4. Политика на приватност и полиса за информации

КОХО ќе ги превземе сите мерки за заштите на личните податоци, со цел да се спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неовластен пристап, промена или уништување на истите. КОХО нема увид во бројот, датумот, валидноста и безбедносниот код на вашата платежна картичка за целото времетраење на трансакцијата, ниту има пристап до какви било информации поврзани со вашата банкарска сметка. Податоците се внесуваат на веб-порталот на центарот за обработка кој ги обработува трансакциите за плаќање преку Интернет. Во овој случај веб-порталот на банката

5. Достава

Услугата за достава(курир, брза пошта), испорачува на вашата адреса од Понеделник до Петок од 08-16ч. За таа цел, потребно е лицето да биде присутно на адресата наведена за достава. Доколку нарачката е вратена од курирската служба или брзата пошта заради неуспешен обид за контакт со клиентот, и клиентот сака да ја добие истата, трошоците за достава ги подмирува клиентот. Доколку е потребна замена на големината, трошоците за враќање и добивање нова големина ги сноси самиот купувач односно клиентот. КОХО презема обврска да ги покрие трошоците само доколку испорача несоодветен производ во однос на големината или моделот.

6. Политика за поврат на средства по трансакција со платежна картичка

КОХО ќе ги врати средствата на купувачот, доколку е извршена погрешна трансакција, а правото може да се оствари со доставување на писмено барање и доказ за плаќањето, во кој ќе се наведе датумот кога е извршена погрешната трансакција и во кој износ.