Како до впечатлива фотографија и комбинација со белиот Коксо џемпер

Rating: 5 out of 5.

Удобноста и лежарниот стил речиси се најчестиот избор кога станува збор за поминување време надвор од својот дом. Неизбежно е да се забележи како голем дел од нас, ужива во овој стил  носејќи припоени или волуменозни парчиња облека.

“Кога наутро стануваме на десна нога” секогаш сме полни со поголема доза на самодоверба, позитивна енергија и ексцентричност.  Ова е најдобрата инспирација за да направиме cool комбинација, а веруваме дека со cool комбинација сме расположени и за добра фотографија.

  • Како да направиме фотографија која ќе го задржи вниманието на секого? Освен тоа што ќе бидете свои, изберете живописна локација која ќе ја направи фотографијата повеќе атрактивна. Искористете ја природата, архитектурата, како и урбаните улици и храбро изразете го вашето модно и естетско чувство. Вашата емоционална состојба исто така е фактор преку кој вие можете да ја пренесете пораката на фотографијата до јавноста.    

Токму ова ни беше мотив за да направиме две лежарни комбинации со нашиот најпосакуван, опсежен џемпер, со карактеристични, големи копчиња. Парче кое е must have баш затоа што лесно се вклопува со широк и припоен џинс, ретро маички, едноставен фустан со принт, класична кошула, а како модни додатоци ние би ви предложиле интересен шешир, рачен часовник…

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од комбинациите со плетениот класичен џемпер од нашиот асортиман:

Не се плашете да прикажете нешто ново на јавноста, храбро презентирајте го вашиот стил и инспирирајте со вашата енергија!

Брана Паљурци, Богданци

локација за инспирација

Брана Паљурци, Богданци

Локација за инспирација

Брана Паљурци, Богданци

ЛОКАЦИЈА ЗА ИНСПИРАЦИЈА

Благодарност до:
Фотограф: Марков Боки
Модел: Џониќ Ивана

Претплатете се на нашиот билтен !

Оставете коментар