Класичната кошула е парче облека кое не распознава граници. Едноставно кажано таа е инвестиција за која никогаш нема да зажалите, бидејќи е парче за во секоја сезона. Без разлика дали ќе изберете еднобојна кошула или со храбар принт, вие изгледате секогаш претставително. Ова безвременско парче е идеален избор за сите оние кои се “куси” на време, но сепак сакаат да одржат лекција со својот стилски изглед.
Знаејќи дека добрата кошула е база на безброј комбинации од различни стилови, започнувајќи од ретро стилот и движејќи се до софистицираниот стил, време е да го реновирате вашиот плакар со парче кое вреди да се поседува.
Интересно е кога кошулите со живописен принт ги комбинираме не секојдневно, особено се популарни комбинациите со класични фармерки или пантолони, оверсајз сако и каубојски чизми, а шаренилото доаѓа како вистинско освежување на самата комбинација.


Коксо кошулата со шарен принт, класичен крој со видливи копчиња, изработена од лесен материјал е соодветно парче за брза комбинација, можноста ракавите да се носат подвратени е дополнителен сегмент кој е важен кога станува збор за одбирање кошула во која ќе бидете опуштени.
Во продолжение погледнете како ние ја искомбиниравме кошулата со шарен принт преку две комбинации.






Благодарност до:
Фотограф: Сони Романов
Модели: Дона Станчева & Симона Станчева
- Како до впечатлива фотографија и комбинација со белиот Коксо џемперУдобноста и лежарниот стил речиси се најчестиот избор кога станува збор за поминување време надвор од својот дом. Неизбежно е да се забележи како […]